Балкан

Приказната за балканскиот Могли

Приказната за балканскиот Могли

Детето по име Харис, кој е познат како балканскиот Могли, во текот на 80 – тите години би пронајден од страна на ловџи од БиХ на тромеѓето меѓу Босна, Србија и Црна Гора.

За неговата судбина многу малку се знае, а за средбата со него сведочат многу малку луѓе кои го запознале.

-Беше плав и крупен. Имаше плави очи и необично долги раце и постојано беше на штрек. Социјалните работници го донесоа во април 1988 и ни раскажаа дека го пронашле ловци на тромеѓето помеѓу Босна, Србија и Црна Гора и тоа во волчјо легло. Не знаеме колку години имаше, претпоставуваме дека имал околу 10-12 години, раскажал Драган Роловиќ за Новости.

Роловиќ во тој период бил млад учител во Прифатилиштето за деца и младинци, каде младиот Харис го донеле за да се социјализаира.

– Не зборуваше ништо. Испуштатше некои звучи кои наликуваа на ‘ржење. Тој напредуваше многу брзо и за кратко време научи да зборува по некој збор па заклучивме дека сепак како мал бил во контакт со луѓе. Со целата негова појава паѓаше во очи, а деца како деца- ќе им бидеш мета доколку се разликуваш од нив. Но забележавме нешто многу чудно, тој не им дозволи да си поигруваат со него иако не беше насилен меѓу нив. На крај сите го засакаа, додал Роловиќ.

Најсилното момче во групата, Жика особено се приврзал за него и го зел под своја заштита. Го научил да си го мести креветот и да ги почитува правилата во прифатилиштето. Сепак, како што сведочи Роловиќ, Харис најчесто се изолирал и седел со со рацете околу колената и ги набљудувал сите околу него. А доколку некој ненадејно му се приближел без да го види, тој испуштан чудни звуци и правел необични гримаси.

-Некогаш кога чекореше се случуваше да падне, па мислевме дека има пореметување на центарот за рамнотежа. Го испративме на испитувања, а тие заклучија дека се е во ред. Тогаш сфативме дека не може да оди со чевли, објаснил Роловиќ.

Кога прв пат видел телевизор, се присетил учителот, Харис се скрил под креветот и не сакал да излезе. Ја употребиле целата сила за да го извлечат… Жарис не умеел да си игра со другарчињата затоа што немал добра координација на движењата, а особено го сакал двогледот и се случувало со него да гледа во далечината и по цели два часа.

-Имаше посебен однос кон животните. Се сеќавам еден викенд кога бев дежурен, во дворот на прифатилиштето влета еден ротвајлер. Најголем број на децата не беа тука а оние кои беа побегнаа во зградата. Одеднаш се појави Харис и чучна, а ротвајлерот се залета кон него. Не знам ни ден денес дали тој му шепна нешто, но кучето наеднаш се однесуваше како малеча пудлица, низ смеа објаснил Роловиќ.

Кога започнала војната, сите од прифатилиштето си заминале, тоа особено тешко му паднало на Харис а и на сите кои работеле таму.

Тука отприлика се губи и трагата за Харис, за кој се претпоставува дека погинал во војната кога имал 17-18 години.

За оваа потресна приказна е снимен филм кој се вика „Ничиво дете“ и кој бил претставен на Венецијанскиот филмски фестивал за да се зачува сеќавањето за балканскиот „Могли“.