Приказните за добра ноќ се поинтересни кога ги чита тато!

Истражувачите утврдиле дека татковците се повеќе експресивни и склони кон интерпретација. За разлика од мајчиното драматично читање, театралното татково читање повеќе ја стимулира имагинацијата на децата.

Повеќето деца не можат да заспијат без приказна за добра ноќ – вечерен ритуал, традиција во голем број семејства.

Овој магичен момент ја инспирирал доктор Елизабет Дурсма од Австралија и екипа научници од Харвард да извршат истражување за влијанието на читањето кај децата.

Резултатите на нивната студија покажале дека приказните кои ги чита таткото се исклучително делотворни.

Истражувачите утврдиле дека татковците се повеќе експресивни и склони кон интерпретација. За разлика од мајчиното драматично читање, театралното татково читање повеќе ја стимулираат имагинацијата на децата. Оваа стимулација на мозокот влијае на развојот на говор кај децата, одобено кај помлите од две години.

Според мислењето на доктор Дурсма која била лидер на истражувањето, читањето може да му помогне на детето да ги развие своите психомоторни способности, така што на пример ќе ги врти страниците.

-Татковците би требало повеќе да се ангажираат за децата да можат да ги развиваат своите способности. Би можеле да им поставуваат загатки, заедно да цртаат, пишуваат и прават колажи, вели таа.

Авторите на студијата истакнуваат дека читањето приказни за добра ноќ е идеален момент за воспоставување на близок однос меѓу таткото и детето.