Прилеп: Братот повеќе од една година ја чувал мртвата сестра дома

Братот повеќе од една година ја чувал мртвата сестра дома. Ова се најновите детали за случајот со женскиот труп во распаѓање што беше пронајден во Прилеп.

Вчера во 17.00 часот, по пријава и барање за асистенција од Центарот за социјални работи, полициски службеници во куќа на ул. „Браќа Ламески“, во која живее Ј.Н. (51)-лице со лабилна ментална состојба, пронајден е распаднат лешот на неговата сестра М.Н. (49).

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт.

Како што јавуваат локалните власти, се работи за мумифициран труп, а поминат е подолг временски период кога настапила смртта. Во разговор со полициските службеници Ј.Н. се изјаснил дека неговата сестра починала пред повеќе од една година.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Се работи за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.