Прилеп доби нова автобуска станица по светски стандарди

Новата Автобуска станица во Прилеп денеска свечено се пушти во употреба.На неа граѓаните на Прилеп чекаа цели 50 години. Овој објект кој во голема мера ќе придонесе за понатамошниот економски развој на градот ги исполнува сите потребни стандарди и преставува функционална единица на еден современ транспортен центар.

Инвеститорот и сопственик на фирмата „Пелагонија Бус“ која ќе стопанисува со овој објект Горан Трпковски ја истакна одличната соработка со Локалната самоуправа и Градоначалникот Ристески повикувајќи и други инвеститори да градат во овој град.

Градоначалникот Ристески ја поздрави брзата градба на овој објект кој во рок од година дена стана достапен за 24 часовно сообраќајно – патничко функционирање и нагласи дека во иднина со реновирањето на железничката станица, Прилеп ќе добие модерен и ефикасен транспортен центар како што му доликува на еден современ европски град.

Министерот Миле Јанакиески изјави дека Министерството за транпорт и врски согласно законските надлежности оваа автобуска станица ја категоризира во прва категорија. .