Прилеп го победи Пелистер во пелагониското дерби на ракоментата Супер лига

Во средбата од 2.коло на Супер лигата, одиграна во Битола, ракометарите на Прилеп одиграа фантастичено во второто полувреме кое го добија со 20-13, иако по првиот дел битолчани имаа пет гола предност 17-12. За Прилеп ова беше втора победа сезонава.

Во другите два натпревари, ГРК Борец убедливо со 38-20 го совлада Работнички, а Вардар Јуниор загуби од Пролет 18-20.

Во петокот битолски Еурофарм Работник минимално со 18-17 го победи Охрид.

Денеска ќе играат Металург 2 и Радовиш дуел со кој ќе биде комплетирана втората рунда.