Прилеп: Направил сообраќајка со возило со украдени таблици

Синоќа околу полноќ на регионалниот пат Прилеп – с. Клепач, од засега непознати причини, автомобил излетал од патот.

Возачот на автомобилот избегал од местото на настанот, оставајќи го оштетеното возило на местото на несреќата, за кое подоцна од страна на полицијата е утврдено дека не е регистрирано, а регистарски таблички на возилото се лажни и не припаѓаат на тоа возило.

Извршен судија излезе на местото ан настанот, а полицијата трага по сопственикот на возилото.