Прилепчани ќе се запознаат со проектот „Македонија вработува“

Прилепчани ќе се запознаат со проектот „Македонија вработува“

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска пред прилепчани ќе ги претстави поволностите што ги нуди проектот „Македонија вработува“, кој предвидува вработување на повеќе категории граѓани.

Тимови на Агенцијата ќе постават штанд на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, на кој во периодот од 11 до 15 часот ќе ги промовираат активностите во рамките на проектот „Македонија вработува“.