Прилеп со масовна поддршка за Граѓанското движење за одбрана на Македонија

Граѓанско движење за одбрана на Македонија-Прилеп ги повика сите граѓани на нашата држава да донесат правилен морален суд и да ги повикаат институциите да донесат правилен правнички суд во одбрана на  интегритетот и идентитетот на нашата држава.

-Имајќи ги предвид политичките настани поврзани со самоисклучувањето на опозицијата од работата на Парламентот на Република Македонија, кое само по себе претставува дезинтегративно однесување кон државата, државнаите институции и желбата на граѓаните, како и сознанието за ујдисување на водството на опозицијата со сранска разузнавачка служба со цел конспиратинво рушење на демократски избраната власт и институциите на државата и притоа поврзувајќи ги со сличните настани и намери на странската разузнавачка служба и домашните конспиративци за поништување на македонскиот идентитет на нашата држава, кои што во медиумски настап ги обелодени првиот претседател на самојстојна и независна република Македонија Киро Глигоров, доаѓаме до сознание дека повторно се прави сличен обид. Не само голо рушење на власта туку рушење и на виталните интереси на граѓаните на Република Македонија, вели  Зоран Петрески член на Граѓанското движење за одбрана на Македонија- Прилеп.

prilep-poddrska-500

Тој потсети дека поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров обелоденил дека имал понуди во форма на скапи часовници, пари, приватни острови за да ја прифати болната амбиција од одредени политички елити од странство за поништување на македонскиот идентитет. Како што рече Петрески и тогаш медијатор и носител на предавничката мисија беше истакнат министер во Владата на Република Македонија, кој добро и е познат на македонската јавност и како поранешен кандидат за претседател.

-Се чини дека овие настани се повторно реинкарнирани од истите странски и домашни промотори, продуценти и режисери, но со навидум нови актери и нова форма. Ако сум во право тогаш сите ние во Република Македонија сме во голема неволја. Тоа значи дека се прави обид политичката опозиција и колективната свест на граѓаните на Република Македонија да бидат злобно контаминирани од специјални интересни од странски политички елити и една мала група на луѓе со специјални интереси што се инсталирала во водството опозицијата. Сето тоа е со цел државата да падне во милост и немилост на оние кои се оддале на користољубие и кои успеваат во атмосфера на бесконечни интриги и манипулации, вели Зоран Петрески кој ги повика сите граѓани на Република Македонија да донесат правилен морален суд и да побараат од надлежните инситуции да донесат правилен правнички суд во одбрана на  интегритетот и идентитетот на нашата држава.

Граѓанското здружение од Прилеп за одбрана на Македонија има голема поддршка. Потписници, меѓудругите се Д-р Љупчо Попоски од Друштвото за наука и уметност, д-р Круме Соколоски претставник на боречката организација од Прилеп, Киро Ѓорѓески претседател на здружението на пензионери од Прилеп, Ванчо Ѓорѓиев претседател на здружението „Мечкари“ од Прилеп, д-р Марјан Зезоски, Петар Иваноски-архитект, д-р Петар Димески доктор во пензија, д-р Зоран Петрески, Тони Наумоски-поранешен репрезентативец на македонската фудбалска репрезентација, сега тренер на фудбалска академија во Прилеп,  Пеце Ѓорѓиески ракометар, Ице Соколески-тренер на РК Прилеп, Стевчо Миткоски есраден уметник, Бранко Алексоски поранершен кошаркар, Живко Димитриоски од прилепското здружение на планинари и други.