Од куќа во Прилеп украдени 47.000 евра

Од куќа во Прилеп се украдени 47.000 евра. Кражбата била пријавена вчера во полициската станица во Прилеп.

Пријавено е дека на ул. „Менде Ивановски“ во куќа на А.М.(29), непознат сторител преку балконската врата влегол во куќата, извршил тешка кражба при што одзел 47.000 евра.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.