Прилеп: Заплашувал и полово малтретирал малолетничка

Во полициската станица Прилеп, В.С. вчера пријавила дека нејзината малолетна ќерка во неколку наврати била полово злоупотребувана и заплашувана од Б.Т. од село Заполжани, прилепско.

Имено, Б.Т неколку пати и се јавувал на малолетничката, ја викал дома, барајќи и пари, а откако истата ќе му однесе пари, пријавениот ја допирал по телото и ѝ се заканувал.

Лицето е приведено во ПС-Прилеп и е задржано за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.