Прилепчанец доби „рено твинго“ на Твингоманија

Прилепчанец доби „рено твинго“ на Твингоманија
Прилепчанец доби „рено твинго“ на Твингоманија

Инстант лотаријата „ТВИНГОМАНИЈА“ на Државна лотарија на  Македонија,  изнуди насмевка кај еден млад човек од Прилеп, кој моментално студира во Скопје на Архитектонскиот Факултет. Среќникот  од Прилеп е Методиј Зајкоски , кој купил три лоза ТВИНГОМАНИЈА  од продажното место ДЕНЕСА , кое  е во близина на Градежниот Факултет во Скопје. Среќата му се насмеала на Методиј , во моментот кога го гребел последниот , од трите купени лоза.  Кога ги здогледал трите заштитни знаци на RENAULT, сфатил дека ќе вози нов автомобил , РЕНО ТВИНГО, а на среќата и немало крај.

Денес,  Марјана Станојковска , му ги предаде клучевите пред  Капитол Мол во скопски Аеродром , во присуство на верни играчи на игрите на среќа , кои во моментот беа на продажното место на Државна лотарија.  Од тука Методиј   видно возбуден замина директно за Прилеп со својот нов автомобил.

Само за потсетување инстант лотаријата ТВИНГОМАНИЈА нуди 40 добивки РЕНО ТВИНГО , па затоа не пропуштајте ја шансата за само 40 денари да возите нов автомобил.

dobitnik tvingo 2