Прилепчанец е новиот милионер на ДВЛМ

ДВЛМ октомври го започнува со убава енергија. По поддршката на Иџе на легендарната патека Енцо и Дино Ферари во Имола, се радуваме на најновиот добитник. Последниот кој го збогатува семејството среќни добитници на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е Стојче В од Прилеп. Тој освои 1.385.647 денари во Спорт Лаиф Треид Прилеп 4.

Во придружба на семејството, во просториите на ДВЛМ, денес пристигна најновиот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Тој ја освои најпосакувана добивка во износ од 1,385, 647 денари во Прилеп, кај деловниот соработник на ДВЛМ- Спорт Лаиф Треид. Неговиот среќен ден е 05 октомври 2016. По работа, Стојче посакал малку забава, па се упатил на вистинското место. Во 15:51 го добил сигналот кој во прв момент го збунил, но веднаш потоа сфатил дека ја добил најпосакуваната добивка. Досега добивал помали добивки, а на оваа се израдува целото семејство. Уште веднаш започнаа со плановите за тоа како ќе се трошат парите, а прв кој ќе си го добие својот дел од тој колач е неговото синче.

1viki

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 15 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 20.489.607 денари. Покрај нив, освоени се и 1840 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 13.795.267 денари.