Прилепчанец го загуби животот во сообраќајка на патот Демир Хисар-Кичево

Прилепчанецот Мендо Г. (1973) од прилепското село Воѓани утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево.

Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката се случила околу 7 часот при судир на комбе марка „Цитроен џамбо“ со прилепски таблици управувано од сега починатиот Мендо Г. и товарно моторно возило камион со приколка со битолски таблици кое било паркирано на патот.

Сообраќајката се случила кај местото викано „Зли дол“ кај каменоломот. Возилото со кое управувал сега веќе починатиот Мендо Г. роден 1973 година од прилепското село Воѓани, е излетано од патот. Екипи на СВР-Битола, итна медицинска помош и пожарникарска служба сеуште се на терен, а поведовме и истрага за утврдување на причините за оваа сообраќајна несреќа, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.