Прилепчанец ја претепал девојката бидејќи му раскинала

Триесетгодишен прилепчанец вчера ја претепал својата седумнаесетгодишна девојка која решила да ја прекине врската со него.

Сторителот го извршил нападот откако неговата девојка, во ресторан покрај вештачкото езеро, му соопштила дека ја прекинува нивната врска, по што заминала. Истиот со патничко возило ја стигнал пред една бензинската пумпа, застанал и и се заканувал, по што излегол и со рацете ја влечел за коса, ја отворил вратата од ПМВ и насилно ја внел на совозачкото седиште, каде продолжил да ја влече за косата и ја удирал со рацете по лицето и телото. Потоа со туркање ја извадил од возилото, го напуштил местото на настанот  и се упатил во непознат правец.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.