Прилепчанец извршил 63 тешки кражби во кичевско

Кривична пријава за прилепчанец кој извршил 63 тешки кражби во кичевско. Најчесто мета на крадецот биле куќите чии сопственици се наоѓаат на привремена работа во странство.

Четириесет и три годишниот Е.А. од Прилеп, во различни временски периоди, со употреба на подесен предмет и кршење на бравите, цилиндрите и стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти во Кичево и околината.

Ограбувал куќи чии сопственици се на работа во странство

Ограбувал куќи чии сопственици се на работа во странство
Ограбувал куќи чии сопственици се на работа во странство

Како што информира МВР, тој влегувал и со качување преку отворен потпокривен простор, а најчеста цел биле куќи чии сопственици се наоѓале на привремена работа во странство.

Е.А. противправно одземал пари, златен накит, ЛЦД телевизор, лап топ компјутери, мобилни телефони, текстилна стока, разни видови алати и апарати, рачни машки  и женски  часовници, постелнини, гасен пиштол и други предмети. На тој начин, пријавениот на оштетените им причинил значителна материјална штета а самиот се стекнал со голема противправна имотна корист, информира МВР.

Пријавениот од полицијата бил пронајден во Битола на 7-ми јули годинава, по што бил извршен претрес во куќата каде привремено престојувал. Тука биле пронајдени и одземени дел од предметите што потекнуваат од извршените кражби.

Извршил 63 тешки кражби во кичевско

Како што информира МВР, покрај овие седумнаесет, пријавениот Е.А. во периодот од јануари минатата до август оваа година, на подрачјето на Кичево, извршил уште 46 кривични дела „тешка кражба“. Со други зборови Е.А. извршил вкупно 63 тешки кражби во кичевско.

Истите се реализирани за што полициската станица од Кичево има поднесено кривични пријави.