Прилепчанец се фрлил од вториот кат на прилепската болница

Средовечен прилепчанец вчера скокнал од вториот кат во прилепскиот медицински центар, извести полицијата. Пациентот бил со ментални нарушувања и во болница бил згрижен откако претходно се пожалил на повреда.

Неофицијално, 62 годишниот С.В бил хоспитализиран во саботата со повреда на вратот, и бил задржан на лекување. Поради својата агресивост, и нарушено психичко здравје, постојано го вовлекувал во расправии медицинскиот персонал, се додека во даден момент не го оттурнал болничарот и скокнал од вториот кат на болницата, при што се здобил со тешки повреди.

Поради повредите здобиени од падот повторно е хоспитализиран, и после укажаната лекарска помош, приклучен бил на апарати за дишење, но по кратко време им подлегнал на повредите здобиени од падот.