Прилепчанец се удави во Преспанско Езеро

Педест и тригодишниот Р.А. од Прилеп вчера попладне околу 13,30 часот бил пронајден удавен во Преспанско Езеро во близина на ресенското село Долно Дупени.

Полициски службеници од Маркова Нога го извадиле телото од езерото, по што е извршен увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.