Прилепчанец загина од удар од гром

Педесет и петгодишен прилепчанец денеска околу 16 часот загина од удар од гром, а една жена е повредена и пренесена во Градската болница во Прилеп.

Според началникот на Службата за итна медицинска помош Гоце Јонзоски, станува збор за Гоце Т., роден 1960 година, пензиониран полицаец.

Трагедијата се случила во атарот на прилепското село Беровци, во месноста Долно Садово пред 17 часот кога имаше силни грмотевици. Мажот и жената биле на отворено крај машина за нижење тутун, која најверојатно, го привлекла громот. Мажот починал на местото на несреќата,  а жената со тешки повреди е префрлена во Градската болница, изјави Јонзоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.