Прилепчанец доби кривична за лихварство

Прилепчанецот В.Н. (36) добил кривична пријава за лихварство. Имено, во април,  негов сограѓанин му побарал 9.000 евра за да врати кредит. Тој се сложил да му даде 9.000 евра со месечна камата од 5 отсто, по што како гаранција за позајмените пари го натерал да склучат купопродажни договори за два трактори, кои не смеел да ги отуѓува бидејќи биле купени со пари од субвенции од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Откако ги потпишале договорите, оштетениот му ги дал тракторите, а пријавениот купопродажните договори не ги спровел во Министерството за внатрешни работи.