Прилепчанец истепан додека чекал на семафор

Прилепчанец вчера рано наутро бил тепан додека со автомобилот чекал на семафор.
Како што извести СВР Битола, вчера околу 4 часот во Прилеп во близина на мостот „Табана“ додека Д.К.(33) од Прилеп со возилото стоел на семафор на црвено светло, пред него застанало друго возило од кое излегле три непознати лица кои физички го нападнале, а едно од лицата го удрил со дрвена палка по главата, по што избегале.
Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Прилеп, каде му се утврдени телесни повреди.Полицијата трага по сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.