Македонија,Крими хроника

Прилепчанец оштетил скопјанец за 20.000 денари

Прилепчанец оштетил скопјанец за 20.000 денари

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против М. В. (43) од Прилеп и против правното лице Здружение за развој и унапредување на земјоделско производство и тутунопроизводство „Т.Л.“-Прилеп, за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

На 14.03.2014 година, М.В. во својство на основач и претседател на Здружението, иако знаела дека Здружението не располага со имот и парични средства, довела во заблуда лице од Скопје, сопственик и управител на фирма да изврши транспорт на млечни производи во корист на пријавеното правно лице.

По извршениот транспорт, пријавената изготвила и доставила лажни податоци за адресата на здружението, со што го оштетила лицето за 20.000 денари.