Македонија

Прилепчанец освои 10.000 денари со среќни коцки

Прилепчанец освои 10.000 денари со среќни коцки

Димче Димовски од Прилеп со добивка ја стартува новата 2015 година. Тој и членовите на неговото семејство се редовни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Во последниот случај кога среќата му се насмевна, купил два Инстант лоза, од кое едниот е добитниот.

Само за потсетување, првиот милион во оваа инстант игра на среќа на Државна лотарија на Македонија е освоен на 15 февруари, 2014.

Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, играта СРЕЌНИ КОЦКИ им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можност да освојат добивка која веднаш може да си ја однесат дома.

Добитните комбинации во оваа игра на среќа, Инстант лотаријата СРЕЌНИ КОЦКИ, се како во играта ЈАМБ.  Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на самиот лоз. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра се особено блиски на  љубителите на играта јамб,  практично принципот на играње е  скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра, Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи само парични премии од кои дури 5 премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари,  100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки.

Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Еден инстант лоз СРЕЌНИ КОЦКИ чини 40 денари.