Прилепчанец освои 60.000 денари на инстант лозот Подарок

Три идентични суми од 60 илјади денари се појавија на Инстант лозот Подарок, кој Горан Стојковски од Прилеп го избрал заедно со уште два други лоза од истата игра. Ова значи дека годинава ќе му биде убава и бериќетна, а му започна со убавата добивка од 60 илјади денари.

Горан редовно игра НОВОЛОТО, а благодарение на Подарок се радува на добивка од игрите на среќа. Трите лоза Подарок ги купил на 31 декември, а ги изгребал само 5 минути по влезот на Новата 2015 година.

Цената на лозот ПОДАРОК е 50 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 50 до 60.000 денари. За повеќе забава вклучени се и помали добивки, кои го прават секој трет лоз е добитен, но и ги зголемуваат шансите за повеќе забава.