Прилепчанец претепал соселанка поради добиток

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против С.П.(55) од Прилеп, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 20 септември годинава, во месноста „Под црква“ атар на селото Крушевица, прилепско по претходно настаната расправија поради напасување на добиток пријавениот со стап нападнал лице од истото село, при што и нанел тешки  телесни повреди.