Прилепчанец продавал дрва без документи

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против П.Н.(43) од Прилеп за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

Пријавениот, во својство на управител на ДТПТУ „Рипил“ ДООЕЛ-Прилеп, од неговото складиште за продажба на дрва во неработен ден (државен празник) му продал огревно дрво на И.А. без притоа да му издаде соодветен документ.

По ова, извршена е контрола при што е пронајдена испратница, за која постои сомнение дека истата ја изготвил еден ден пред да му ги продаде дрвата на И.А.