Прилепчанец во Швајцарија и’ собрал дел од хонорарот на фолк пеачката Андријана

Фолк пејачката Андријана, која се уште е актуелна со песната и спотот за „Абра Кадабра“, пред неколку дена се врати од Швајцарија каде што имаше неколку настапи во дискотеки.

Но, наместо среќна и задоволна да се врати дома, доживеала непријатно изненадување. Како што Андријана откри за Вистина .мк, таа вредно си го изработила својот дел, но не претпоставувала што ќе и се случи на крајот, кога требало да си го добие хонорарот за отпеаното.

– Пеев во една дискотека каде што газдата не знаеше ниту македонски, ниту англиски, а јас не знам германски. Еден Македонец кој беше посредник за мојот настап таму преведуваше и без да знам си земал дел од мојот хонорар, вели Андријана за порталот.

Инаку, овој „менаџер“ кој по потекло е од Прилеп, а живее во Швајцарија е познат по тоа што прави измами од ваков тип, намамувајќи пејачки да доаѓаат да настапуваат во Швајцарија, при тоа користејќи ја својата интелигенција и моќ за лажење и на луѓето им ги зема парите.