Македонија

Прилепчанецот Ненад Серафимоски го фати крстот во реката Јордан во Чешка

Прилепчанецот Ненад Серафимоски го фати крстот во реката Јордан во Чешка

По повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во Чешка се одржа прослава по старите македонски обичаи, јави МИА.

Свечената литургија, на која присуствуваше голем дел од македонската заедница, меѓу кои и македонскиот амбасадор во Прага Паскал Стојчески, ја одржа владиката Христофор, поранешен поглавар на Православната црква на Чешка и Словачка.
Крстот кој се фрлаше во реката Јордан, во местото Тешов во западниот дел на земјата го фати Христијан Трајкоски од Прилеп, кој неколку години живее во Чешка.  Кум на верската манифестација е Ненад Серафимоски.
фото:МИА