Прилепчани и кавадарчани со поддршка за Чуварите на демократијата

Од ден на ден се поголема е поддршката за Чуварите на демократијата кои кампуваат пред македонското собрание. Граѓаните од повеќе градови ширум цела Македонија до сега јасно и недвосмислено искажаа поддршката и се вклучија во активностите во Кампот.

Во текот на вчерашниот ден поддршка пристигна и од Кавадарци и Прилеп. Граѓани во голем број и од различни генерации дојдоа во Кампот на чуварите на демократијата и недвосмислено ја искажаа поддршката за камперите.

Преку историјата и предавањето за Јустинијан Први и преку спортските активности кавадарчани се вклучија во дневните активности на кампот.

Професори од Кавадарци имаа предавања за историјата на Македонија и историските настани кои се од големо значење за денешна независна Република Македонија.

kkkamppp

Исто така преку иницијатива на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп, вчера попладне во кампот на чуварите на демократијата на посета беа и ветераните од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Тие имаа заедничка дружба, преку споделувања на искуствата на повозрасните, љубовта кон татковината и грижата кон неа. Прилепчани се вклучија и кон агендата на Кампот на чуварите на демократијата која беше во знакот на семејството и грижата на децата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.