Прилепчани натепале брачна двојка

Тројца прилепчани заработија кривични пријави и се притворени на осум дена откако полицијата ги откри дека пред една недела натепале и се обиделе да ограбат брачна двојка во Прилеп.

Според информациите од полицијата, Д.Е. (20), Е.Б. (26) и Ѓ.Ш. (24) на 20-ти февруари околу 16 часот влегле во дворот и помошни простории на еден прилепчанец, но, кога биле забележани од сопственикот побегнале. Кратко потоа се вратиле пред куќата со поголема група луѓе и ги нападнале сопственикот и неговата сопруга. Удирале со клоци и тупаници во автомобилот на прилепчанецот, а потоа влегле во дворот и со каиши ги тепале домаќините.