Прилепската болница „Борка Талески“ со сосема нов изглед (Фото галерија)

Градоначалникот Марјан Ристески ја посети во неделата болницата „Борка Талески“ која има сосема нов изглед и прерасна во современ здравствен центар, кој ги има добиено сите потребни услови за квалитетна здравствена грижа на граѓаните.

„Во болницата во Прилеп во изминатите две години, направена е темелна реконструкција која, се нема случено од нејзиното пуштање во употреба во далечната 1980 година. Реконструирани се болничките одделенија, набавена е и современа медицинска опрема и тоа: 4 ехо апарати, нови оперативни светла во сите операциони сали, нови оперативни столови, мамограф, 10 пациент монитори, комплетно нова опрема за одделението за физикална медицина, нови јоги за сите болнички легла, апарат за анестезија, ЕКГ апарати, дефибрилатори …. Реконструктивниот зафат на болничките одделенија опфаќаше комплетна реконструкција на подни и тавански површини, комплетна реконструкција на внатрешна и надворешна дограма, набавени се и нови униформи за вработените, комплетно се реконструирани и тоалетите, во поголемите соби во повеќето одделенија купатилата се опремени и со туш кабини и навистина оваа установа во моментот претставува една здравстевена установа со европски вредности“, посочи во својата изјава директорот на боницата Петар Ристески.

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека болницата „Борка Талески“ во изминатиот период била во една руинирана состојба, а преку заложбите на Локалната самоуправа, менаџерскиот тим на болницата и директорот оваа установа сега претставува една еминентна установа.

„Во изминатиот период претходното Министерство за здравство, општина Прилеп како и здравствените домови во градот многу вложија во освоременување на објектите, набавување на нови апарати и возила. Со вкупна инвестиција од еден ипол милион евра беше реконструирана болницата, со шестотини илјади евра беше реконструиран Уредот и исто така и Центарот за Јавно здравје каде со неколку стотини илјди евра беше реконструиран и овој објект. Што значи со комплетно реконструирана болница, со комплетно реконструиран Здравстевен дом и Центар за јавно задравје, Прилеп денеска има поинаква слика за сите овие здравствени установи каде самите пациенти добиваат подобри здравствени услуги“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Пациентите се презадоволни од новите услови во болницата, посочуваат дека во многу се подобрени условите за здравствено лекување, подобра и задоволителна храна, нови душеци, чисти простории, нови и чисти санитарни јазли, нови апарати и простории, кажаа пациентите кои беа хоспитализирани во болницата “Борка Талески“.

Според раководителот на Интерното одделение, дрТрајче Ражаникоски, состојбата во овој болнички тракт е на задоволително ниво.

„Интерното одделение е комплетно реновирано, моментално имаме вработено 50 лица, добивме нова апаратура каква што ни треба, но останува проблемот со дефицитарноста на лекарите, но доколку се упатат шесмината лекари на специјализација со плус тројца лекари кои во моментот се на специјализација, Прилеп обезбедува интерна заштита во наредните триесет години без никакви потреси, а наредните вработувања да бидат насочени кон другите одделенија каде навистина се потребни нови вработувања“, посочи Ражаникоски во својата изјава.

 

20170709_112803 20170709_112813 20170709_112939 20170709_112959 (1) 20170709_112959 20170709_113120 20170709_113828 20170709_114206 20170709_114219 20170709_114743 20170709_115152 20170709_115618 20170709_120002 20170709_121013 20170709_121112 20170709_121209