вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

„Прилепски бранители“ против посетата на Заев

Заев е лидерот кој се опкружи со луѓе кои го навредуваат македонскиот народ, јавно поддржуваат друга држава и пропагираат поделба на Македонија.

zaev

Последни вести

Претседателот на СДСМ Зоран Заев не е добредојден во Прилеп, нагласија претставници од здружението „Прилепски бранители“, на денешната прес-конференција пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.
 
– Во Прилеп доаѓа човекот кој ги понижи македонските бранители, жртвите од конфликтот од 2001-та, сите припадници на МВР и на АРМ. Се потсетуваме на 8 мај кога во Диво насеље загинаа македонските бранители. Заев е лидерот кој се опкружи со луѓе кои го навредуваат македонскиот народ, јавно поддржуваат друга држава и пропагираат поделба на Македонија.  Заев јавно се сликаше и се поздравуваше со јатаците  на терористите од Диво Насеље. Ниту еднаш не појде кај фамилиите на нашите бранители кои го дадоа животот за татковината и затоа нема потреба да се мачи и да бара гласови во Прилеп, нагласи Гоце Стефаноски од здружението „Прилепски бранители“.

Најчитани вести