Прилепски разбојник фатен на дело: Ограбувал стан во Кавадарци

Филмско разбојништво во Кавадарци, ги фатиле додека крадат сред бел ден, едниот побегнал, а другиот бил фатен од соседот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 27-годишниот А.Ѓ. од Прилеп бил фатен додека ограбувал стан во Кавадарци со уште едно лице кое избегало.

Според информациите од полицијата, вчера, околу 11 часот, две лица провалиле во станот на В.К. лоциран на улицата Едвард Кардељ во Кавадарци.

Сторителите влегле во станот додека таа била отсутна, при што кога се враќала дома ги затекнала, а тие ја турнале на подот и одземале од станот 500 евра и два пара златни обетки.Во обидот да побегнат,  А.Ѓ. бил фатен од страна на сосед на оштетената и истиот е приведен во полиција.

Се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.