Прилепскиот театар со „Буре барут“ гостува во Никшиќ

Театарот „Војдан Чернодрински“, со претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска, утре ќе настапи на Меѓународниот фестивал на глумци Никшиќ 2014, кој е посветен на играта и на актерите како „основа на драмската уметност и театарот воопшто“.

На фестивалот ќе бидат доделени пет награди – Гран при за машка главна и за женска главна улога, Гран при за машка и за женска споредна улога и Гран при за партнерски однос на сцената.

Гостувањето на театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ во Никшиќ доаѓа по успешното меѓународно претставувањее на Екс Понто во Љубљана, Словенија со „Швејк во втората светска војна“ во режија на Мартин Кочовски, на МОТ со „Сон на летната ноќ“ во режија на Нела Витошевиќ, како и настапите во повеќе македонски градови, соопштија од прилепскиот Центар за култура.