Прилепските „Мајмуни“ користеле говор на омраза против „Влазрими“

На градскиот стадион во Штип, вчера попладне по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Победа Јуниор“ од Прилеп и „Влазрими“ од Кичево, навивачите од навивачката група „Мајмуни“ на клубот „Победа Јуниор“, почнале да скандираат пароли со национална омраза против навивачите на „Влазрими“ и се обиделе да се прекачат преку оградата и да влезат на теренот, соопштуваат од МВР.

Полициски кордон ги спречил во намерата, но истите продолжиле со извикување на пароли со национална омраза и со обид да го пробијат кордонот лицата А.З. и М.Д. од Штип постојано ги повикувале навивачите физички да се пресметаат со полициските службеници и упатувале разни навреди кон униформираните полициски службеници. Лицето А.З. им ги влечел штитовите и удирал со нозе по нив.

Момчето во еден момент физички нападнало еден полицаец со тупаница во носот, по што било приведено. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.