Македонија

Прилепските наставници против шрајкот на СОНК

Прилепските наставници против шрајкот на СОНК

Педагошки е децата да се образуваат и воспитуваат, а не да се враќаат од пред затворени училишни врати, поради тоа штрајк во Прилеп нема да има.

-На состанокот кој што се одржа денеска, на кој што учествуваа директорите на основните и средните училишта, беше донесен заклучок дека не ја поддржуваме одлуката на СОНК, односно сме против одржување на штрајк во нашиот град. Ова произлезе од проста причина, што не е хумано, не е човечки, ниту етички учениците кога ќе дојдат на настава да најдат затворени врати. Педагошки е децата да се образуваат и воспитуваат, а не да се враќаат од пред училишните врати, поради некои интереси, изјави директорот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп, Жарко Темелкоски.

Тој воедно апелираше до сите родители слободно да ги пуштат своите деца на училиште бидејќи настава ќе има, а сите оние негови колеги кои самоволно ќе одлучат да не држат настава, тогаш директорите ќе постапат согласно законот и ќе биде назначена нивна замена.