Почнува примената на кубанскиот лек во Србија

Кубанскиот лек за лекување на аденокарциномот на белите дробови „Cimavax EGF“ денес за прв пат ќе биде применет во една здравствена установа во Србија, јавува „Танјуг“.

Пациентите што ги исполниле критериумите и што доброволно прифатиле да ја применат оваа терапија ќе ги добијат првите дози на лекот во Клиничко – болничкиот центар „Бежаниска коса“.

Почнува примената на кубанскиот лек во Србија
Почнува примената на кубанскиот лек во Србија

Како што наведуваат од српското Министерство за здравство, министерот Златибор Лончар и докторот Педро Камило Родригес, имунолог од Куба, предводник на тимот што го патентираше лекот, денес ќе ги посетат пациентите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.