понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Примирјето во Алепо продолжено за 48 часа

алепо

Последни вести

Прекинот на огнот во Алепо, градот кој се наоѓа во северна Сирија, ќе биде продолжен за 48 часа, почнувајќи од денеска наутро, час по полноќ по локално време, па се до утре на полноќ, јави сириската новинска агенција САНА, повикувајќи се на командата на сириската војска.

Одлуката за продолжување на примирјето е донесена откако во судирите од 22 април до сега во Алепо загинаа околу 300 луѓе.

Одредени делови на Алепо се под контрола на бунтовниците, додека други ги контролираат владините сили.

Најчитани вести