Примирјето во Сирија прекршено 25 пати за еден ден

Во Сирија во текот на вчерашниот ден вооружени воени групи 25 пати го прекршиле прекинот на огнот од кои 17 во околина на Дамаск, шест во околина на Алепо и две во областа Хама, соопшти рускиот Центар за помирување завојувани страни при МО.

Вооружени групи на Армија на исламот гранатирале седум населби, стадион, болница и камп.

Центарот наведува дека друга група вооружени лица кои се во Исламско движење гранатирале област околу Алепо додека во Хама терористи пукале во две населби.

ВВС на Сирија и на Русија не извршиле воздушни напади во текот на вчерашниот ден. Во петокот се извршени и три хуманитарни операции во центри околу Алепо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.