вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Принц починал од „случајно предозирање“

prins-prince-rogers-nelson-foto-profimedia-1450174644-804507

Поврзани вести

Водителот на емисијата „Рехабилитација за Познати“ (Celebrity Rehab), др. Дру Пински смета дека смртта на легендарниот Принц е резултат на „случајно предозирање“.

Не се лета со авион поради обичен грип, вели Дру во интервју за Холивуд Рипортер.

Познатиот пејач почина во студиото во Минесота минатиот четврток, а помалку од една недела пред тоа, итно соа авион бил префрлен во Илиноис „поради симптоми слични на грип“, како што велат од болницата.

Пински вели дека проблемите со дишните органи што познатиот музичар ги имал веројатно се последица на „комбинација на опијати и бензодијазепини“, што е „исклучително опасна“.

Таа комбинација ви го отежнува дишењето, додека на крај во целост не прекине и вие умирате, вели овој специјалист за болести на зависност и додава дека мошне е лесно такво нешто да се случи со комбинација на аналгетици и лекови против анксиозност.

Пински смета дека Принц можеби имал „хорничен здравствена проблем“ за што не бил свесен, како што е рак или срцева болест.

Наводно тој земал аналгетици поради болките во колкот.

Иако опијатите се вклопуваат во таа приказна, неговиот случај не ми делува како приказна за зависност. Прво би рекол дека станува збор за случајно предозирање со лекови. Сепак, здравиот средовечен човек со болка во колкот не би требало хронично да зема опијати и точка, вели Пински.

Инаку Принц беше кремиран во петокот во кругот на најтесното семејство, а местото каде што вечно ќе почиваат ќе остане тајно.

Најчитани вести