Принцезата ќе се вика Шарлот Елизабет Дајана

Веста за името на малата принцеза беше објавена на официјалниот Твитер профил на Кензингтонска палата.

Шарлот е женската верзија на името Чарлс, а принцезата го доби по нејзиниот дедо, принцот Чарлс. Средните имиња се во чест на кралицата Елизабета Втора, прабаба на принцезата, и починатата принцеза Дајана, мајката на Вилијам.

Веста со воодушевување беше дочекана во Велика Британија, поради тоа што малото девојче го носи и името на трагично загинатата принцеза Дајана.

Кејт се породи во приватната болница Сент Мери каде што се породи со првото дете, принцот Џорџ. Кејт се породи во саботата во 8.34 часот по локално време, односно 9.34 по средноевропско време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.