понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 62

Принцезата Шарлот го изговори првиот збор, еве што кажа…

Како што јавија британските медиуми, принцезата го изговарила зборот, додека си играла со балон со нејзиниот постар брат, принцот Џорџ.

princess_charlotte

Последни вести

Британската принцеза Шарлот вчера го изговори првото збор за време на семејното патување во Канада.

Како што јавија британските медиуми, принцезата го изговарила зборот „поп’, додека си играла со балон со нејзиниот постар брат, принцот Џорџ.

Принцот Вилијам и сопругата, војвотката Кејт од Кембриџ, со децата престојуваат во еднонеделна посета низ Канада. Ова е првпат двојката да ги носи нивните две деца, тригодишниот Џорџ и едногодишната Шарлот во официјална посета на некоја земја.

Но, ова не е првпат за време на престојот на британското кралско семејство во Канада, некое од децата да биде во центарот на медиумските случувања.

Така, во саботата принцот Џорџ се најде на насловните страници на многу медиуми, кога занесен по хеликоптерите го игнорираше канадскиот премиерот Џастин Трудо, кој му пружи рака за да се поздрави со него.

Најчитани вести