Принципите на СДСМ: Не работи, одмори и земи си плата

Можеби насловот изгледа како нереален атрактивен оглас, но сепак ова е реалноста во која живеат народните избраници од редовите на опозицискиот СДСМ и очигледно ова се принципите по кои се води опозициската партија.

Трет месец по ред пратениците од СДСМ земаат плата и покрај тоа што немаат ниту една минута поминато работно. Станува очигледно дека истите тие кои изјавија дека не ги признаваат резултатите од изборите, го признаваат Собранието кога се работи за нивниот личен интерес, односно за платите и за апанажите, анализира Лидер.

Ако првиот чекор што после најавата за бојкот на Собранието беше поднесувањето на барањата за апанажа на речиси цела поранешна пратеничка група на СДСМ токму до Собранието, вториот чекор на водачите на бојкотот на Собранието – беше доставувањето на трансакциските сметки на кои треба да им легнува платата, исто така до Собранието. Значи бојкот за работата и бојкот на народната волја. Но бојкот за пари во СДСМ нема.

“На 01 .08 исплатена е плата за јули 2014 година на сите пратенци , вклучително и на пратеницте од опозицијата“ информира за Лидер, генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски.

На сметките на пратениците од СДСМ кои не поминаа ниту една минута работно во Собранието за каде беа избрани од граѓаните, досега се легнати доста пари!!! И бидејќи месеците јули и август се месеци во кои секое македонско семејство го троши својот буџет за годишен одмор, се наметнува прашањето Дали пратеничката плата пратениците од СДСМ ја потрошија за плаќање на својот летен годишен одмор?

Изминативе денови дел од медиумите пишуваа дека СДСМ развива масовен туризам кај јужниот сосед, односно дека целото раководство летува во соседна Грција.

“Раководството на опозициската СДСМ, заморено од бојкотот на парламентот по загубениите избори, летото го поминува на грчките плажи. Најистакнатите лица на опозицијата, кои се најгласни во критиките за економските реформи и зафати во земјава, потоа за режимот кој ги осиромашува, како и за сите зафати во државата за кои велат дека ја оддалечуваат Република Македонија од евроинтегративниот процес, немаат проблем летото да го минат кај јужниот сосед, главната пречка за приемот во НАТО и за почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ, пишуваше Република.

По овие не демантирани информации логично и легитимно е прашањето на секој македонски граѓанин – Дали со парите од граѓаните и без ниту една минута работа пратениците од СДСМ (со или без сопствени апартмани во Пефкохори, Ханиоти, Халкидики или Полихрони ) си го исфинансира летниот одмор?