Принцот Чарлс повеќе не чувствува вина за смртта на Дајана

Британскиот принц Чарс сеуште жали што ја вовел принцезата Дајана во светот на монархијата, со која таа не можела да се носи. Меѓутоа, британскиот престолонаследник повеќе не чувствува вина за нејзината смрт, открива долгогодишен вработен во кралскиот двор.

„Кога Дајана загина, на Чарлс му беше тешко поради што се случи во 1997 година. Но, тој повеќе не чувствува вина за нејзината смрт, бидејќи го прифати фактот дека тој нема ништо со тоа со кога таа и каде била во тоа време. Она што го мачи е тоа што ја воведе Дајана во кралското семејство и таа не можела да излезе на крај со овој вид на живот“, вели за Дејли меил, извор од дворот.

Бидејќи првиот брак не му успеа. со Камила Паркер се труди да прави се како што треба, додава изворот. Минатото на Чарлс, но и иднината повторно се дојдени во јавноста поради неавторизираната биографија под наслов: „Чарлс: Срцето на Кралот“.

princ-carls-i-kamila-parker-1401563017-37266

Во книгата се наведува дека принцот од својата страна чувствува голем притисок- од Дајана, неговите родители и весниците. Авторката на книгата, новинарката на магазинот Тајмс, Кетрин Мајер, исто така тврди дека кралицата Елизабета е загрижена за индината на монархијата под власт на Чарлс.

princ-carls-1382703794-17952

Имено, кралицата Елизабета смета дека неговиот активизам по прашањето на животната средина, меѓу останатото, може да донесе „нов модел на владеење“.

„Дефинирајќи ја својата улога како престолонаследник, принцот наговести редефинирање на монархијата. Неколкумина вработени во Бакингамската палата, како и самата кралица, стравуваат дека монархијата нема да успее да поднесе такви новини“, се наведува во книгата.

princeza-dajana-1409585715-45934

Мајер додава дека Чарлс и рекол дека е загрижен за проблемите кои ја засегаат Велика Британија во далечната иднина.

„Се занимавам само со најтешките прашања бидејќи сакам да го свртам вниманието на н ив и да створам надеж онаму каде што ја нема. Ме интересираат идните генерации. Но, проблемот е во тоа, ако гледате далеку, луѓето не знаат во моментот со што се занимавате“ и рекол Чарлс на Мајер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.