Свет

Принцот Хари ја напушта британската армија

Принцот Хари ја напушта британската армија

Принцот Хари соопшти дека ја напушта британската армија по десетгодишната служба, во текот на која два пати учествуваше во борбените дејствија во Авганистан, соопштија француските медиуми, пренесе МИА.

Триесетгодишниот принц изјави дека одлуката во јуни да ја заврши својата воена кариера била многу тешка, но веќе гледа кон своето следно поглавје од животот.

– Ги истражувам варијантите за иднината и навистина сум ентузијастичен од можностите кои се отвораат пред мене, изјави Хари во коминике, што беше лиферувано од неговата официјална резиденција во палатата Кенсингтон.

Оваа одлука е изненадувачка за многу луѓе кои одблиску ги следат настаните околу кралското семејство, особено затоа што Хари, се чини, ги изживеа своите детски мечти и изгледаше сосема задоволен од животот во армијата.

Пред да ја напушти армијата, меѓутоа, тој ќе замине на четиринеделна мисија во австралиските вооружени сили.

фото: eveningnews24.co.uk