Принцот Хари за влакно избегнал сообраќајна несреќа

Британскиот принц Хари за влакно избегнал сообраќајна несреќа кога полицајците кои го обезбедуваат со полна брзина се судриле со такси возило.

Принцот Хари за време на несреќата се наоѓал во автомобилот кој возел 50-на метри зад возилото, но за среќа возачот на неговиот автомобил успеал да ги заобиколи учесниците во сообраќајната несреќа и да го сопре автомобилот на сигурно.

Полицаецот кој учевствувал во несреќата набрзу е пуштен од болница, додека возачот на таксито е задржен на лекување. Од болницата изјавуваат дека е во стабилна состојба.