Принцот Лека ги повика Албанците да се држат настрана од радикализмот

Албанците да се однесуваат достоинствено и да се зачува меѓусебната почит во Македонија, ова е апелот кој го упати албанското кралско семејство во соопштение по масовните протести кои се организираат во Македонија и дијаспората,  во знак на револт по пресудата за случајот „Монструм“, пишува Алмакос.

– Во исто време ги повикуваме сите Албанци да се држат настрана од деструктивните и радикални елементи“, се вели во соопштението на  семејството Лека.

Тие сметаат дека намерата на Албанците во целиот регион се карактеризира со заемна почит, а ова е спротивно на нивната цел.

Кралското семејство подвлекува  дека поделбите треба да бидат оставени на страна и да се разговара со поинаков тон за позиициите во Македонија, земја која има амбиции да се вклучи во ЕУ мора да ја одржи демократската кондиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.