Принцот Вилијам се пресели на село

По потрошените 4,5 милиони фунти за реновирање на Кенсингтонската палата, принцот Вилијам и Кејт решиле да заминат на село.

Според светките медиуми Вилијам и Кејт се иселиле од Кенсингтонската палата бидејќи Кејт има големи несогласувања со моќната баба на Вилијам, кралицата Елизабета II.

Кејт и Вилијам се селат во летната викендичка во Анмер Холм во Норфолк, а се надеваат дека таму ќе имаат повеќе приватност, а на Вилијам и работата ќе му биде поблиску.

Кралицата ваквата одлука ја доживеала како силен удар против неа и безобразно кршење на кралската традиција и е многу лута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.