Принцот и војвотката од Кембриџ дознаа за смртта за Мандела додека гледаа филм за него

Членови на кралското семејство, познати лица и ќерката на Мандела вчеравечер присуствувале на премиерата на документарниот филм  насловен „Долгата патека до слобода“.

Неговата ќерка Зинџи Мандела исто така била меѓу публиката на премиерата на филмот посветен на иконата на мирот. Неговата друга ќерка, Зенани, само што завршила со гледање на филмот кога дознала за смртта на татко си.

Кејт Мидлтон со ќерките на Мандела пред почетокот на филмот

„Ова се екстремно тажни и трагични вести. Штотуку се потсетивме колку исклучителна и инспиративна личност беше Нелсон Мандела. Моите мисли и молитви се со него и неговото семејство. Многу е тажно“, изјавил принцот Вилијам.

По завршувањето на филмот, откако ја слушнале трагичната вест, публиката тивко, но со солзи во очите го напуштила киното.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.