Приоритет на Летонија е проширување на ЕУ

Приоритетите на Летонија за време на претседавањето со Европската Унија се познати: поголема компетивност на Европа, дигитална Европа и поголема улога на Европа на меѓународната сцена.

Но сепак еден од приоритетите на летонското претседавање останува проширувањето на ЕУ, на што потсети лично претседателката на Владата на Летонија Лаимдота Страујума, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

„Ние ќе работиме и соработуваме активно со земјите кандидати за да продолжи нашата работа со проширувањето. Ние сме отворени за проширувањето на Европската Унија, но секој случај треба да биде разгледуван според поединечните заслуги на земјите кандидати. Потребно е да бидеме внимателни, да се види која е ситуацијата во различните сектори, како правосудството итн. Можам само да се потсетам колку бешто тоа тешко за нас. Ни требаше многу, многу време за да го приближеиме нашето законодавство кон европското. Проширувањето е запишано во програмата на летонското претседателство и ние ќе продолжиме да работиме со земјите кои започнаа преговори и земјите кандидати, изјави премиерката на Летонија Лаимдота Страујума по претставувањето на приоритетите на нејзината земја.