петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 50

Припадници на Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско – грчката граница

На македонско-грчката граница ќе бидат распоредени припадници на Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на ЕУ – Фронтекс.

nikola-popovski

Поврзани вести

На  македонско-грчката граница ќе бидат распоредени припадници на Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на ЕУ – Фронтекс.

Оваа одлука беше донесена на денешниот состанок на ОБСЕ во Белград на кој присуствуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Според постигнатиот договор, војниците на Фронтекс од наредната недела на грчката граница со Македонија треба да помагаат во регистрацијата на бегалците и мигрантите.

Министерот Поповски по состанокот на ОБСЕ изјави дека упатувањето на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите.

Конечното упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал. После долго убедување мислам дека тоа ќе помогне во надминување на тензиите кои постоеја во изминатиот период и конечно мислам дека ќе можеме да ја подобриме соработката со грчките власти, бидејќи присуството на  Фронтекс ќе значи помош и во делот на регистрирање и определување на натамошно процесуирање на мигрантите, изјави министерот Поповски.

Најчитани вести